Палестинците в среда ќе поднесат во ОН нацрт резолуција за двегодишен прекин на израелската окупација

Од:

Палестинската автономна власт ќе поднесе в среда во Советот за безбедност на ОН нацрт-резолуција со која се бара прекин на израелската окупација за две години.

Васел Абу Јусеф еден од лидерите на Организацијата за ослободување на Палестина го изјави тоа по седница на Западниот брег.

САД најверојатно ќе стават вето на таа резолуција. Тие се противат на каква било еднострана иницијатива на Палестинците во ОН да се признае нивна држава сметајќи дека тоа треба да се случи по преговори со Израел.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера ја отфрли можноста државата да се повлече од окупираните палестински територии. Тој денеска во Рим ќе има средба со државниот секретар на САД Џон Кери. Утре Кери ќе разговара во Лондон со палестинскиот главен преговарач Саеб Ерекат и со генералниот секретар на Арапската лига Набил ал Араби кој ја поддржува иницијативата.

Палестинската автономна власт најави дека ако таа иницијативна пропадне ќе се кандидираат за членство во меѓународни организации. Меѓу нив би бил и Меѓународниот кривичен суд каде на Палестинци би им било овозможено да судат претставници на израелските власти по трите воени конфликти во изминатите шест години.

Би можело да ве интересира

ОН наскоро ќе гласаат за можноста за меѓународно признавање на Палестина

Катерина Ѓуровски

Си Џинпинг: Кина го поддржува полноправното членство на Палестина во Обединетите нации

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Словенија и Шпанија: Ќе ја признаеме Палестина

ВИДЕО: Израелци палат возило, војската ги чува

Предраг Петровиќ