Палестинците на 25. јуни поднесуваат во МКС прво досие против Израел

Од:

Палестинците идната недела ќе поднесат свое прво досие до Меѓународниот кривичен суд за да се покренат кривични постапки против Израел, изјави синоќа официјален палестински претставник.

Тој потег е дел од засилен фокус на Палестинците на дипломатско маневрирање и обраќање до меѓународни тела. Тие се незадоволни бидејќи се уште нема признаци за прекин на израелската окупација и основање нивна независна држава.

– Во досието што ќе биде предадено во МКС на 25 јуни се наведуваат детали за кршења на меѓународни права од страна на Израел, изјави Амир Хиџази, официјален претставник од МНР во Рамала на Западниот брег.

На 1 април Палестинците формално му се придружија на МКС со цел да им се суди на израелски лидери за наводни воени злосторства за време на минатогодишниот конфликт во Појасот Газа како и за други злосторства.

Досието не се однесува на специфични ициденти, но Палестинците подоцна ќе достават детали ако Судот побара во истрагата. Насилствата од минатата година ескалираа во војна меѓу Израел и Хамас во која беа убиени 2.200 Палестинци и 73 израелци.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа

Израелската полиција уапсила две лица кои со своето возило налетале на тројца пешаци

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски