Палестинците бараат меѓународна истрага за смртта на сонародникот

Од:

Палестинците денес побараа меѓународна истрага за третманот на палестинските затвореници во израелските затвори откако еден 30-годишен Палестинец почина во притвор, додека други четворица стапија во штрајк со глад.

Смртта на Арафат Џарадат беше причина за протестите, кои започнаа пред една недела во Западниот Брег, а кои денеска кулминираа со судири со израелските војници.

Палестинците на израелските сили фрлаа камења на неколку места во Западниот Брег, а војската одговори со оган.

Во пресметките се повредени двајца палестинци, од кои еден е 15-годишно момче, известија палестинските власти.

Смртта на Џарадат во затворот го покрена и прашањето за функционирањето на израелската безбедносна служба Шин Бет.

Палестинците тврдат дека членовите на таа служба ги злоставуваат притворениците за време на испрашувањата.
Израелските власти соопштија дека Џарадат починал од инфаркт и негираат дека тој бил тепан или на друг начин злоставуван.

Израелскиот институт за судска медицина денес спроведе обдукција, во присуство на претставници на палестинските власти. Палестинскиот лекар кој присуствуваше на обдукцијата тврди дека нема знаци на инфаркт и дека Џарадат бил мачен, дека имал две скршени ребра и модрици.

Од друга страна, пак, израелските власти велат дека нема никакви знаци на насилство врз телото на палестинецот. Тие тврдат дека скршени ребра веројатно се последица на интензивното укажување на итна помош, во обидот да се спаси животот на момчето.

Поради смртта на Џарадат во знак на протест, повеќе илјади палестински затвореници во израелските затвори денес штрајкуваа со глад.

Би можело да ве интересира

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Словенија и Шпанија: Ќе ја признаеме Палестина

ВИДЕО: Израелци палат возило, војската ги чува

Предраг Петровиќ

Во Каиро преговори за примерје во Газа

А1он

Можно примерје ако Израел ги прифати условите на Хамас

А1он