Палестинци: Израелската окупација да заврши до крајот на 2017 година

Од:

Палестинците во Советот за безбедност на ОН поднеле нацрт резолуција во кој како краен рок за ставање крај на окупацијата на палестинските територии се наведува крајот на 2017 година.

Во текстот на резолуцијата, се наведува дека е потребно да се постигне „праведен и траен мир во следните 12 месеци“.

„Потполното повлекување на израелските безбедносни сили на окупираните територии…. во разумна временска рамка која не смее да го надмине крајот на 2017 година“, се наведува во нацрт резолуцијата.

Ваквите барања се тешко прифатливи за САД, сојузниците на Израел и една од петте постојани членки на Советот за безбедност, која на резолуцијата може да стави вето.

Палестинскиот претседател при ОН, Ријад Мансур изјави дека Палестинците се спремни да го изменат текстот и оти не им се брза нацрт резолуцијата да биде ставена на гласање.

Европскиот парламент вчера даде начелна поддршка за признавање на палестинската држава, но не ги повика земјите членки на ЕУ тоа да го направат, иако тоа го побараа повеќе политички групи.

Претходно такви резолуции усвоија парламентите на Франција, Ирска, Велика Британија и Шпанија.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата

ОН: Израелската опсада на Газа и наредбата за евакуација може да претставуваат меѓународно злосторство