Пакистан се закани со одмазда ако Нетанјаху употреби нуклеарно оружје против Иран

Од:

Пакистан се закани дека ќе активира нуклеарна боева глава врз Израел доколку премиерот на земјата Бенјамин Нетанјаху употреби нуклеарно оружје против Иран.

„Пакистан нè увери дека доколку Израел употреби нуклеарна бомба врз Иран, ќе го нападне Израел со нуклеарна бомба“, изјави во едно интервју генералот Мохсен Резаи, висок офицер во Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) и член на Советот за национална безбедност на Иран.

Пакистан и Израел се две од деветте земји кои моментално поседуваат нуклеарно оружје. Резаи тврдеше дека Пакистан вети дека ќе „застане зад Иран“ и го повика исламскиот свет да се обедини против Израел.

Пакистан сè уште не ги коментираше тврдењата на иранскиот генерал, иако синоќа пакистанскиот министер за одбрана, Хаваџа Асиф, истакна дека светот се чини дека е на работ на конфликт како резултат на ескалацијата на нападите на Блискиот Исток.

Би можело да ве интересира

Бомбардерите Б-52 полетаа кон Иран

Демократите бараат поддршка од републиканците за да ја ограничат моќта на Трамп

Иран до Трамп: Не ти се плашиме, иранската цивилизација ги преживеала заблудите на непријателите илјадници години

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ултиматумот на Трамп предизвика хаос: Иранците формираат „човечки штитови“ на мостовите

Трамп повторно се огласи: Ќе има напад каков што никогаш порано не виделе

Готово е, Иран ја прекинува комуникацијата со САД