Иран до Трамп: Не ти се плашиме, иранската цивилизација ги преживеала заблудите на непријателите илјадници години

Од:

Портпаролката на иранската влада, Фатемех Мохаџерани, изјави за државната новинска агенција ИРНА дека заканата на Трамп за уништување на иранската цивилизација е „знак на незнаење“ што нема да придонесе за можен дијалог.

„Зачувувањето на мирот и безбедноста на граѓаните е наш врвен приоритет, а заканите нема да ја вознемират јавноста“, рече Мохаџерани во интервју во вторник. „Вратата за дијалог се отвора со почит; патот на заканите, ситноста и понижувањето не е патот кон разговорот“.

„Заканите за исчезнувањето на цивилизацијата“ пред сè покажува незнаење за историјата на една нација која постојано ги надминувала кризите и продолжува да преживува“, додаде таа.

Порано денес, американскиот државен секретар, Марко Рубио, навести дека ќе има „повеќе вести во текот на денот“ кога беше прашан на CNN дали очекува Иран да се согласи на преговори.

„Силата на културата, логиката и верата во праведноста на сопствената цел за „цивилизирана“ нација несомнено ќе преовладаат над логиката на голата моќ. Нација која цврсто верува во исправноста на својот пат ќе ги искористи сите свои капацитети и способности за да ги заштити своите права и легитимни интереси“, објави претходно на X Есмаил Багаеи, портпарол на иранското Министерство за надворешни работи.

Првиот потпретседател на Иран, Мохамед Реза Ареф, рече дека иранската цивилизација ги преживеала „заблудите“ на своите непријатели илјадници години.

Како што рече, Иран нема да биде заплашен од заканите на Трамп. „Нашиот одговор на бруталноста на непријателот е да стоиме цврсто и да се потпреме на внатрешната сила на иранскиот народ“, рече тој.

Би можело да ве интересира

Иран и Оман постигнаа договор, Трамп се закани со бомбардирање

Горан Наумовски

Иран прогласи „воена и политичка победа“ над Израел и САД

(ВИДЕО) Ердоган: Не сакаме војна со Израел, но ако нè нападнат – ќе возвратиме

(ВИДЕО) Бен-Гвир: „Секоја вечер во Газа треба да се убиваат од 30 до 40 луѓе“

Иран има нова мета

Иран нуди речиси 30.000 долари за секој убиен или заробен американски војник