Пакистан нема да воведува целосна забрана за движење заради сиромаштијата на населението

Од:

Пакистан нема да воведува целосна забрана за движење на луѓето заради пандемијата од коронавирусот, бидејќи таа ќе влијае врз 25 отсто од населението кое живее под границата на сиромаштијата.

Пакистанскиот премиер Имран Кан ги замоли граѓаните да се самоизолираат доколку почуствуваат било каков симптом на коронавирусот. Тој кажа дека Пакистан ќе ја преброди заразата доколку луѓето соработуваат и ги одбегнуваат социјалните контакти.

Кан изјави дека пакистанската економија не е доволно силна за да ги субвенционира оброците на сиромашните доколку државата биде ставена во карантин.

Само неколку минути по обраќањето на Кан, гувернерот на пакистанската провинција Синд најави целосна забрана за движење во оваа провинција во следните две недели.

Синд е најзагрозената провинција во која речиси 300 лица се позитивни на тестот за коронавирусот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 20 мртви во бомбашки напад на железничка станица во Пакистан

Катерина Ѓуровски

Иран и Пакистан свикаа итен состанок на муслиманските земји

Горан Наумовски

Пакистан: Најмалку тројца загинати во поплавите, над 100 загинати

Толпа во Пакистан извлече турист од полиција- го запалија на улица

Пакистан: Пет војници загинаа во напад на воен објект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица