Ова се најопасните специјални единици на светот

Од:

Блиц – Белград

Елитните специјални единици се најдобриот дел од војската која една држава може да го понуди. Специјалците го претставуваат самиот крем на безбедносните сили на секоја земја, а ова се осум најдобри специјални единици на светот.

Пакистанскаската единица Црни штркови

Специјалните сили на пакистанската војска познати се како Црни штркови поради единствените шлемови кои ги носат командантите. Нивниот тренинг вклучува марш од 50 километри, кој мора да се помине за 12 часа, како и спринт од 8 километри, кој под полна опрема мора да го поминат за неверојатни 20 минути.

Во октомври 2009 година, ССГ силите извеле една од најневеројатните акции за спасување, кога ослободиле деловна зграда која ја запоседнале талибанци. Сите 39 заложници биле спасени, а сите киднапери ликвидирани.

Шпанските специјалци настанати од алпинисти

Шпанските специјалци (Unidad de Operaciones Especiales) веќе со децении претставуваат една од најдобрите европски единици.

Основани како еден вид волонтерско воено здружение во 1952 година и тоа од членови на тогашниот клуб на алпинисти, со години прераснале во една од најценетите специјални сили во Европа. За да станат членови на елитната група, кандидатите поминуваат низ неколку т.н. кругови на пеколот. Од десет пријавени регрути, се одбиваат дури 8.

Алфа групата од Русија

Дефинитивно една од најдобрите единици на светот. Оваа антитерористичка група ја основа КГБ во 1947 година. Денес служат под патронат на ФСБ. Алфа единицата претставува нај елитен дел од руските специјални сили. Најтешките и најризичните задачи, како опсада и организирани терористички напади се доделуваат на нив.

Се памти и понатаму нивната молневита реакција со која го неутрализираа бомбашкиот напад на амбасадата на САД во Москва во 1979 година.

Француската група на сенки

Малку специјалци на светот можат да застанат на линијата на француската Жандармерија ГИГН. Групата ја сочинуваат 200 посебно тренирани специјалци кои се подготвени за најтешки и најнепредвидливи состојби.

Од 1973 година ослободиле повеќе од 600 заложници во многу кризни состојби. Според францускиот закон, забрането е да се откриваат нивните имиња и фотографии.

ГИГН претставува своевидна група од т.н. сенки кои се појавуваат само кога треба да решат кризна состојба. Една од нивните најдобри интервенции била во 1979 година кога била заземена Големата џамија во Мека. Поради тогашната забрана за влез во Мека на сите кои не се муслимани, специјалците се преобратиле во ислам, влегле во Мека и помогнале на саудиските безбедносни сили да ги ослободат заложниците.

Сајерет Маткал – Израел

Израелските специјалци имаат малку пошироки задачи од своите колеги од оваа листа. Нивното примарно задолжение е шпионажа, т.е. собирање на податоци, кое често се врши зад непријателските линии, па дури потоа следат терористичките активности.

Секој кој сака да стане член на оваа единица се испраќа во кампот Гибуш, каде минува низ тешко темпо на психофизички тренинг, под константен надзор на лекари и психолози. Во кампот се оди на лична одговорност, а регрутите потпишуваат документ со кој потврдуваат своеволно пристапување на програмата.

Нивната акција за спасување на таксистот Елијахуа Гурела и денес се прераскажува. Несреќниот Израелец бил киднапиран откако возел четворица Палестинци во Ерусалим. Припадниците на Маткал го нашле закопан во дупка длабока 20 метри, во напуштена фабрика во предградието на Ерусалим.

Британската САС: Кој ќе се осуди, тој и успева

Мотото на британските специјални сили е – Кој ќе се осуди – тој и ќе успее. Нивниот придонес на американската инвазија на Ирак е оценет како непроценлив. Кога не помагаат на американските колеги во нивните акции ширум планетата, се бават со антитерористички акции на тлото на Обединетото кралство.

Британските специјалци голи во срцето на прашума

Специјалните сили на британската морнарица претставуваат еквивалент на американските фоки. Припадниците се бираат според многу строг критериум. Еден од камповите се наоѓа во прашумите на Белизе.
Кандидатите се голи без облека и се оставаат во срцето на прашума на 96 часа. Кој ќе преживее оди на следното ниво. Тоа е психолошко тестирање, каде се пристапува кон сурови методи на испитување. Кој ќе го помине и тоа, може да се пофали дека е припадник на САС.

Познатите американски Фоки

Секако се една од најизвиканите специјални единици на светот и тоа со право. Фоките го претставуваат самиот крем на американската војска. Нивниот тренинг делува застрашувачки: 42 склека, 50 вежби и 2 претрчани километри, сето тоа за 11 минути.
Ова е стандардниот тест за физичката подготвеност кој секој кандидат мора да го помине пред воопшто да почне со неговото тестирање, со кое се утврдува дали е комплетно подготвен.

Би можело да ве интересира

Можно примерје ако Израел ги прифати условите на Хамас

А1он

Враќање на задолжителниот воен рок во Србија – Ми дадоа убедлив аргумент за тоа, вели Вучиќ

Анита Петровска Рајковиќ

Четири лица загинаа во ураганот што го погоди југот на Русија

Военото раководство на Србија демантира дека сакале да влезат во Косово: Навреда за интелектот

Шведскиот премиер бара помош од армијата поради зголемените уличните пресметки на бандите

Горан Наумовски

Сисли: Швајцарската војска сака да потроши 50 милијарди франци до 2030 година