Ова се најголемите природни катастрофи по кои се личеше на апокалипса

Од:

Во последно време во светот се случуваат бројни природни катастрофи, голем број земјотреси и цунами однесоа огромен број жртви.

Материјалната штета е огромна, а државите многу тешко ги надминаа последиците.

Многу земји немаат систем за предупредување од цунами, што во голема мера би ги намалило жртвите.

Катастрофата која се случи во 2004-та година во Индонезија и понатаму е во сеќавање на многу луѓе кои преку медиумите ги следеа настаните по земјотресот и страшното цунами.

Загинаа 230 илјади луѓе, а материјалната штета изнесуваше преку 10 милијарди долари. Индонезија често ја погодуваат земјотреси, но малку работи на подобрување на ситуацијата за овие сцени да се избегнат. Природните катастрофи пропратени со цунами оваа држава ја погодија во 2006-та, 2010-та и 2018-та година.

По земјотресот во Јапонија во 2011-та година, следуваше смртоносен цунами. Загинаа 18 илјади луѓе, а голем број останаа без своите домови.

Јужна Америка беше погодена од силни земјотреси во 2001 и 2010 година. Перу настрада во 2001 кога го погоди земјотрес со јачина 8.4 степени по Рихтер.

Во Чиле во 2010 година загинаа 535 луѓе, по земјотресот со јачина 8.3 степени по Рихтер.

Би можело да ве интересира

Серија земјотреси го тресат преспанскиот регион

А1он

Пет земјотреси за два часа во Србија

Италија го повлече предупредувањето за цунами

Земјотрес со јачина од 7,5 степени го погоди регионот на Тонга, издадено предупредување за цунами

А1он

Силен земјотрес ја погоди Јапонија, се стравува од цунами

А1он

Во Калифорнија регистрирана серија од 152 земјотреси