Отворен нов дел од московското метро вреден две милијарди долари

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин и градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин денеска отворија дел од новиот централен железнички прстен, проект вреден два милијарди долари.

Иако не е целосно завршен, 54 километарскиот централен прстен што го поврзува центарот со предградието на Москва денеска беше пуштен во сообраќај.

Завршувањето на проектот, кој е започнат 2015 година, доаѓа во време кога Русија се бори со дупки во буџетот поради падот на извозот на нафта и санкциите поради ситуацијата во Украина.

Според аналитичарите отворањето на дел од метрото доаѓа во пресрет на изборите за долниот дом на рускиот парламент, закажани за 18 септември.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лажен аларм во театарот „Бољшој“ во Москва, евакуирани над 2.000 луѓе

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Голема воена парада на Црвениот плоштад во Москва

Спасувачките тимови на мотоцикли ќе почнат да патролираат во Москва

Судот во Москва му одредил притвор на продуцент на Ројтерс

Горан Наумовски

Убиен е полицаец во Москва, негов колега е ранет

(ВИДЕО) Силно невреме во Москва, ветерот носеше се пред себе