Откриени се уште две масовни гробници во Изјаум објави Зеленски

Од:

Украина откри уште две масовни гробници со стотици тела во неодамна ослободениот Изум, објави украинскиот претседател Володимир Зеленски. Тој го изјави ова во интервју за Си-Би-Ес повикувајќи на нови санкции кон Русија.

„Денеска добив повеќе информации. Пронајдени се уште две масовни гробници со стотици тела. Станува збор за малиот град Изјум“, рече Зеленски.

Санкциите треба да продолжат. Тие ќе имаат политичко, но и финансиско влијание порача укрианскиот претседател.

Руските власти се уште не го коментирале тврдењето на украинскиот претседател за гробниците во градот на северо-источниот дел на Украина, но Москва досега ги негираше сите злосторства што и се припишуваат и нападите врз цивили.

По ослободувањето на Изјум на почетокот на овој месец, украинските власти пронајдоа масовна гробница во шумскиот дел на Изјум и започнаа истрага за причините за смртта. Минатата недела беше завршена ексхумацијата на телата на 436 лица. Се чини дека повеќето од нив умреле од насилна смрт, а првичните индиции се дека 30 од нив биле мачени, објави регионалниот гувернер.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Зеленски почна голема одмазда: гори Курск

Трамп го нападна Зеленски: Ако не беа наместени изборите во 2020 година, немаше да има војна

А1он

(ВИДЕО) Зеленски го покани Трамп во Украина: „Дојдете да ги видите мртвите деца“

(ВИДЕО) Зеленски: Ова можеше да го направи само целосно пореметено ѓубре

Катерина Ѓуровски

Жестоки реакции за рускиот напад на Суми: „Варварски чин“

ВИДЕО: Снимен моментот на ударот во Суми

Катерина Ѓуровски