Вториот Британец, кој се наоѓа на листата за егзекуција, на исламската милитантна група ИСИС е Алан Хенинг, соопштија британските медиуми.
Неговиот сонародник, хуманитарецот Дејвид Хејнс беше погубен во сабота од страна на грабнувачи од организацијата Исламска држава.
Снимката на која се гледа обезглавувањето на Хејнс, завршува со прикажување на Хенинг, за кого маскираниот маж се заканува дека ќе го убие доколку Камерон продолжи да ја поддржува борбата против Исламска држава.
Е. Г.