Откриен ген со кој се одредува моментот на смртта

Од:

Научниците од медицинскиот центар Бет Израел на Универзитетот Харвард спроведоа истражување врз 1.200 65-годишни лица, во кои го испитувале нивниот ритам на спиење и будна состојба.

Најновото истражување објавено во списанието „Аналс оф Неуролоџи“ откри гени, кои можат да го предвидат веројатното време на смртта кај некои луѓе.

Научниците состојбите на будност и спиење ги испитувале со помош на електронска ракавица. Освен тоа сите испитаници се согласиле да им го донираат својот мозок на научницуте по смртта.

Истражувањето добило нов фокус, откако неговиот автор Ендрју Лим, открил дека сите учесниците биле подложени на анализа на ДНК и идентификација на генотиповите.

Научниицте откриле нуклеотида покрај генот „Период 1“, која се разликувала кај две , кои имале различни шеми на спиење. Лицата кои на таа нуклеотида имале АА генотип се буделе околу еден час пред лицата со ГГ генотип, а лицата со АГ генотип се буделе некаде на средина.

Научниците откриле дека варијацијата на таа нуклеотида значително влијае на природниот циркадиски ритам, внатрешниот часовник на организмот.

Циркадискиот ритам ги одредува повеќето активности во нашето тело, од будење, спиење, варење и останатите физиолошки процеси. Постои дури и циркадиски ритам на смртта. Веќе подолго време е познато дека во просек повеќе луѓе умираат околу 11 часот.

Истражувањето покажа дека оние имале АА или АГ генотип умираат кусо пред 11 часот, како и повеќето од популацијата, но оние со генотип ГГ умирале пред шест часот наутро.

„Дефинитивно постои ген, кој предвидува кога ќе умрете. За среќа тоа не е датум, туку време во текот на денот“, изјави неврологот Клифорд Сапер.

Би можело да ве интересира

Доктори од Македонија завршиле медицина во Бугарија, но не смеат да работат во земјата оти се пишале Бугари

A1on

Развиена вештачка интелигенција која го открива ракот на дојката години пред да се развие

Ана Ололовска

Ѓоргиевска: Со заеднички ангажман да ја поттикнеме и поддржиме научно-истражувачката дејност кај жените

А1он

Јапонски научници развиваат вакцина против стареење

Ана Ололовска

Американски хирурзи успешно трансплантираа бубрег од свињa на човек

Ана Ололовска

Суперхероите од вистинскиот живот

Ана Ололовска