Средбата помеѓу министрите за надворешни работи на Кина и на Јапонија, Ванг Ји и Јошимасе Хајаши е откажана поради тоа што Пекинг е назадоволен од заедничкото соопштение на Г-7 и на ЕУ за Тајван, во кое се повикува Кина на мирен начин да ги реши тензиите.
Ванг и Хајаши требаа да се сретнат на маргините на Самитот на Асоцијацијата на нации на Југоисточна Азија (АСЕАН) што се одржува во главниот град на Камбоџа, Пном Пен.
Портпаролот на кинеското МНР наведе дека Пекинг ја откажал средбата поради тоа што во заедничкото соопштение на Г-7 и на ЕУ „неосновано се обвинува Кина и се искривува вистинската состојба на работите“.
Тој исто така наведе и дека ако земјите-членки на Г-7 не го сменат својот „погрешен став“ за Тајван, Кина може да го преиспита својот однос кон дијалогот со нив. Според него воените вежби на Пекинг во близина на Тајван се предупредување за провокаторите, а Кина нема да им наштети на оние кои со своите акции не ја поддржуваат независноста на Островот.
Извор: МИА