Откажан завршниот концерт на прославата на 100-годишнината од битката кај Верден

Од:

Поради жестока полемика и „излив на омраза и расизам“, градот Верден го откажа концертот на францускиот рапер Блек М, кој беше предвидено да се одржи вечерта на 29 мај, во рамки на одбележувањето на стогодишнината од битката кај Верден, на кое ќе учествуваат и претседателот на Франција, Франсоа Оланд и герменската канцеларка Ангела Меркел, јави дописникот на МИА од Париз.

Програмата на концертот беше објавена на почетокот на неделава и таа веднаш предизвика полемика меѓу политичарите, пред се од редовите на екстремно десничарскиот Национален фронт (ФН), кој во тој дел на Франција оствари рекордни резултати на последните регионални избори.

Причина за полемиката е една од песните на Блек М, која се однесува на Франција, во која тој им се обраќа на своите родители и им вели: „Се чуствувам виновен кога гледам што ви направи оваа земја на неверници (куфар)“. Терминот „куфар“, кој во превод значи „неверници“, го користат исламските џихадисти.

Поради оваа строфа, претседателката на ФН, Марин Ле Пен и нејзиниот заменик Флориен Филипо, побараа откажување на манифестацијата.

Во врска со случајот реагираше и партијата Републиканци на Никола Сракози, чиј пратеник во француското Собрание, Валери Буаје и европратеничката Надин Морано, оценија дека е „неприфатливо раперот да биде присутен во Верден“.

Блек М на ваквите повици одговори со покана да дојдат на коцертот на кој ќе „се забавуваат“.

Во целиот случај се вмеша и внук на поранешен ветеран од Првата светска војна, кој покрена судска постапка за забрана на концертот. Неговиот адвокат Антоан Бокие изјави дека во друга песна посветена на црнците, Блак М има напишал: „Колку и да растев во рацете на Маријан (симболот на Француската Република), јас се уште не верувам дека таа ме сака“.

Градоначалникот на Верден, социјалистот Самуел Хазар, на крајот попушти пред полемиката, откако на почетокот го бранеше Блек М, како „дете на Републиката и дека него го сакаат младите како ниту еден друг изведувач во Франција“.

Одборот за одбележување на стогодишнината од Првата светска војна, кој требаше да го финасира коцертот со 67.000 евра, од вкупно сума од 150.000 евра, по скандалот одби да ја исплати предвидената сума, поради што градоначалникот донесе одлука да го откаже концертот, со образложение дека таа се должи на „досега незапамтената полемика и излив на омраза и расизам“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Франција изгуби контрола на делови од Нова Каледонија, истрели и експлозии одекнуваат низ островот

ВИДЕО: Напад на синагога во Франција, полицијата го уби напаѓачот

(ВИДЕО) Франција прогласи вонредна состојба во Нова Каледонија

Горан Наумовски

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Нови детали од оружениот инцидент во Франција, од непосредна близина пукале кон полицајците

Горан Наумовски

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Нова Каледонија: Во протестите повредени се над 50 полицајци, опожарени се 50 продавници и 200 автомобили