Осуммина повредени во протестите во Џакарта

Од:

По објавувањето на одлуката на Уставниот суд на Индонезија со која, дефинитивно, Јоко Видодо е новиот претседател на државата, симпатизерите на неговиот противкандидат Субианто се обидоа да дојдат на протест пред судот, но полицијата ги спречи со солзавец и водени топови.

Според првичните полициски извештаи, има најмалку осуммина повредени, од кои еден е полицаец. Тие се сместени во болница, а никој од нив нема потешко повредени.

Само просторот пред Уставниот суд го обезбедуваа 4.500 полицајци. Уште 30.000 припадници на полицијата и 40.000 војници од вчера се во Џакарта со цел да се спречат евентуалните немири.

Атмосферата ја подгрева кандидатот за претседател Прабово Субианто, кој ги загуби изборите одржани на 9. јули. Тој најми 2.000 адвокатски тимови со цел да докаже дека изборите биле лажирани, но Уставниот суд, чии одлуки се конечни, не прифати ниту еден од наводите за лажирани избори. Според Субианто, кој е пензиониран генерал од времето на диктаторот Сухарто, отпорот против Видодо допрва ќе почне.

Би можело да ве интересира

Лава и поплави ја погодија Индонезија, најмалку 37 загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници

ВИДЕО: Колапс во Индонезија, евакуирани 70 илјади луѓе

Катерина Ѓуровски