Осумте члена на екипажот на товарниот брод „Семфјорд“ најверојатно се загинати откако во саботата бродот се преврти во немирните води на северниот брег на Шкотска поради лошите временски услови.
Прекината е потрагата по екипажот кој бил составен од седум Полјаци и еден Филипинец во која учествувале два хеликоптери, четири бродови и пет спасувачки тимови.
За време на несреќата на тоа подрачје имало силен ветер, а екипажот не испратил ниеден повик за помош.
Бродот „Семфјорд“ кој бил направен во 1984 година пренесувал 2.000 тони цемент од Данска за Ливерпул и бил регистриран во Кипар. Тој успешно ја поминал инспекцијата во декември.