Осудена вдовицата на францускиот сериски убиец чии жртви биле девојчиња и млади жени

Од:

Моник Оливие (75), вдовицата на францускиот сериски убиец Мишел Фурнире, е прогласена за виновна за учество во силување и убиство на две млади жени и исчезнување на деветгодишна девојка, пишува Би-Би-Си.

Претходно овој месец, Оливие призна дека му служела на својот сопруг како мамка за британската студентка Џоан Париш во 1990 година, која ја силувал и убил. Оливие беше осуден и во врска со убиството на 18-годишната Мари Анџела Домека во 1988 година и исчезнувањето на деветгодишната Естел Музин во 2003 година.

Оливие веќе отслужува доживотна затворска казна изречена во 2008 година и сега се соочува со втора доживотна затворска казна, јавува Би-Би-Си. Таа претходно беше осудена за нејзината улога во четири убиства и силување извршено од нејзиниот сопруг.

Би можело да ве интересира

Српските специјалци го ликвидираа убиецот од Јагодина

Црна Гора бара екстрадиција на Алија Балијагиќ

Паника во Русија, убиец излегол на слобода и никој не знае каде е

Путин го помилува сатанистот кој изеде четворица студенти

А1он

Убил жена и 22 години се криел во џунгла додека не застари случајот

Медицинската сестра која уби седум бебиња во Британија осудена на доживотен затвор

Горан Наумовски