Паника во Русија, убиец излегол на слобода и никој не знае каде е

Од:

Убиецот-манијак Јон Продан е ослободен од затвор во Русија. По излегувањето од затвор, Продан, инаку познат како „Вампирот од Домодедово“ од Молдавија, исчезнал во непознат правец и сега се чини дека полицијата повторно ќе почне да трага по него.

Продан беше ослободен од затвор во Руската Република Мордовија на 20 април по отслужување на затворска казна од 25 години.

Руските медиуми јавуваат дека по него може да биде распишана федерална потерница.

Докажано е дека Проданов убил пет, а силувал седумнаесет лица. Грабежот, а понекогаш и силувањето често биле поврзувани со убиствата. Повеќето од неговите злосторства ги извршил во пошироката област на Москва.

Продан го започна своето насилство и убиства во средината на 1990-тите кога неговата сопруга и ќерка го напуштија. Тој, наводно, користел хипноза при средба со жртвите, а најмногу ги убивал со камења и други тешки предмети.

Тој беше уапсен во 1999 година бидејќи бил пијан на јавно место.

Интересно е и тоа што неговиот братучед Фјодор подоцна извршил серија од четири убиства, а потоа бил осуден на доживотен затвор.

„Откако излегол од затвор, манијакот не се пријавил во МВР и исчезнал. Можел да биде секаде, а крајно дискутабилно е што 25 години затвор го направиле подобар човек“, пишуваат руските медиуми.

Би можело да ве интересира

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски