Остри реакции на САД и ЕУ на усвојувањето на контроверзниот закон за медиуми во Полска

Од:

Ненадејното прегласување на ветото на полскиот Сенат и синоќешното усвојување на амандманите на законот за медиуми со кои американскиот сопственик на последната голема независна телевизија во Полска, ТВН, се принудува да продаде 51 процент од акциите, ги поттикна САД и ЕУ да изразат остри реакции и загриженост за слободата на медиумите во Полска.

„Вознемирени сме што во Полска е усвоен закон кој ја ослабува слободата на медиумите. Го охрабруваме претседателот Анджеј Дуда да се држи до своите минати изјави и поддршка за слободата на говорот, светоста на деловните договори и заедничките вредности на кои почиваат нашите односи“, реагираше на Твитер портпаролот на американскиот Стејт департмент Нед Прајс.

Потпретседателката на Европската комисија, Вјера Јоурова, рече дека усвојувањето на измените во законот за медиуми испраќа дополнителен негативен сигнал во однос на почитувањето на владеењето на правото и демократските вредности во Полска.

– Кога законот ќе стапи во сила, Европската комисија нема да се двоуми да преземе чекори во случај да не е во согласност со европското законодавство за медиуми, рече Јоурова.

Претходно, по повод контроверзните измени на полскиот закон за медиуми, според кои само субјекти во ЕУ и европскиот единствен пазар може да имаат де факто сопственост над 49 отсто, Јоурова рече Европската комисија ќе создаде механизми за спречување можност независноста на медиумите да биде задушена со формално преземање од приватен капитал.

Полскиот парламент вчера усвои закон за медиуми за кој критичарите велат дека е првенствено насочен против телевизискиот канал ТВН24, во сопственост на американскиот медиум Дискавери, што може да доведе до дипломатски спор со САД. Законот, кој не беше на распоредот за гласање, но беше вклучен во последен момент, сега претстои да биде потпишан претседателот Анджеј Дуда.

Пратениците од опозицијата тврдат дека гласањето е одржано надвор од процедурата, и затоа е незаконско и ги крши демократските стандарди. Тие предупредуваат и дека промената на правилата за странска сопственост ќе ја отежне работата на информативниот канал ТВН24 на американската медиумска куќа Дискавери.

Предложениот закон на почетокот на годината предизвика кавга меѓу Полска и САД, а освен од Вашингтон, доби критики и од Европската унија.

Владејачката Конзервативна партија на правото и правдата (ПиС) тврди дека законот има за цел да ги спречи земјите како Русија и Кина да влијаат врз полските медиуми.

Би можело да ве интересира

Полски министер за одбрана: Полјаците се огорчени кога гледаат млади Украинци во кафулињата

Горан Наумовски

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Полска: Претреси на неколку локации кои се дел од истрагата за наводна руска шпионажа

Горан Наумовски

Пијан провалил во козметички салон во Полска и заспал, го разбудила полицијата

(ВИДЕО) Тепачка, солзавец и шок бомби: Полициска пресметка со земјоделците во Варшава

Полска: Подготвени сме да го браниме НАТО од секаков напад