Остин со повик до Шојгу за деескалација на тензиите околу Украина

Од:

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин повика денеска, во телефонски разговор со неговиот руски колега Сергеј Шојгу, за „деескалација“ додека тензиите околу Украина достигнаа врв. Шефот на Пентагон повика на деескалација, враќање во базите на руските сили околу Украина и дипломатско решение, се вели во соопштението на американското Министерство за одбрана.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен на конференцијата за безбедност во Минхен изјави дека последните конфликти во источна Украина се „сценарио на провокации“ што го смислиле Русите за да го оправдаат напад врз Украина.

„Настаните во последните 24/48 часа се дел од веќе постоечкото сценарио, што се состои од создавање лажни провокации, потоа одговор на тие провокации и на крајот извршување на нова агресија врз Украина“, рече Блинкен во своето обраќање на собирот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Американскиот министер за одбрана опериран, на почетокот на годината криеше од Бајден дека има рак

Катерина Ѓуровски

ЕУ увезува руска нафта преку турските пристаништа

ЕУ: Русија да ги заборави замрзнатите средства и по укинувањето на санкциите

Седум лица загинаа, а осум се повредени во пожар во московскиот регион

ФСБ уапси две лица кои подготвувале терористички напад во Русија

Горан Наумовски

Под обвинение за примање мито уапсен e генерал на руската армија