Оставка на ректорот на Универзитетот во Мисури поради „ендемски расизам“

Од:

Ректорот на Универзитетот во американската сојузна држава Мисури, Тим Волфи, поднесе оставка по обвинувањата дека оваа високообразовна установа, а посебно студентскиот камп „Колумбија“, се опфатени со „ендемски расизам“ што досега воопшто не е елиминиран.

Еден студент-дипломец извесно време штрајкува со глад, поради расизмот во Универзитетот и кампот, а црните членови на универзитетската екипа во американски фудбал, се заканија дека нема да играат на следниот натпревар, поради раширениот расизам.

– Фрустрацијата и гневот се видливи и големи и јас ниту за момент не се двоеумев околу оставката, изјави Волфи кој ја презеде целата одговорност врз себе за ситуацијата во која се наоѓа Универзитетот.

Волфи нема директна надлежност врз студентскиот камп „Колумбија“, но црнечките студенти го поздравија неговиот потег како „голем чекор кон промените“.

Претставници на афроамериканската заедница во кампот се жалат дека се изложени на постојани растички навреди и закани.

Тие истакнуваат дека во заедничките бањи често среќаваат испишани „кукасти крстови“, дека им се дофрлаат погрдни зборови од луѓето во автомобилите на минување, но и од некои колеги, додека минуваат крај нив, како и дека имало случаи кога црнечки двојки биле бркани од судентски забави, само затоа што не се белци.

Студентите од црнечката заедница се жалат дека има и професори кои им зборувале дека студираат на овој Универзитет само за да се брои политичка коректност и расна еднаквост.
Овие студенти се незадоволни што на нивниот Универзитет немало никаква реакција со осуда на минатогодишното убиство на црнечкиот тинејџер Мајкл Браун во Фергусон во Мисури од страна на полицаец-белец и се гневни на ректорот Волфи, што ниту еднаш не реагирал на ваквите состојби.

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски