Амбасадорот на Хондурас во Колумбија, поднесе оставка поради сомнеж дека неговиот телохранител организирал божиќна прослава со проститутки.
“Поради безбедносни национални интереси и добри односи со Република Колумбија, побаравме итна и безусловна оставка на Родригез Андино”, се вели во соопштението од Министерството за надворешни работи на Хондурас.
Како што наведуваат медиумите во Хондурас, телохранителот на амбасадорот Карлос Родригез Андино и близок пријател на Хорге Мендоза организирал на 20 Декември божиќна прослава, која, бидејќи на неа повикал проститутки, се претворила во оргии.
Проститутките на забавата украле компјутери и мобилни телефони, сопственост на амбасадата, пренесе Франс прес.
Колумбиската полиција спроведе истрага за инцидентот.
Американската тајна служба била инволвирана во сличен скандал со проститутки, минатиот април во колумбискиот град Картагена, каде што претседателот на САД Барак Обама учествуваше на Самитот на двете Америки.
Најмалку 20 агенти на тајната служба и воениот персонал, чија задача била да ја обезбедува посетата на Обама, беа испратени дома, а деветмина од нив подоцна ја напуштиле службата