Остатоци од малезискиот авион МH17 префрлени во Холандија

Од:

Конвој камиони со остатоци од трупот на малезискиот авион МH17, што во јули е соборен на истокот на Украина, пристигна денеска во Холандија.

Остатоците на авионот ќе бидат упатени во холандската воздухопловна база Глизе-Рејн, каде ќе бидат реконструирани.

Холандскиот јавен сервис НОС емитуваше снимка на која се гледа конвој од осум камиони, кои, со полициска придружба во текот на ноќта ја преминале границата со Германија, на пат кон базата на југот на Холандија.

Холандските власти треба да утврдат што точно се случило со Бонгот 777 и што го соборило на небото над источна Украина, а реконструкцијата на авионот е дел од истрагата која ја водат.

Остатоците од Боингот ќе бидат фотографирани, скенирани и категоризирани пред да бидат реконструирани во хангар.

Во падот на малезискиот авион на 17 јули на истокот на Украина загинаа сите 298 патници и членови на екипажот, од кои две третини биле Холанѓани.

Би можело да ве интересира

Стармер: Разговорите за Украина не можат да се водат без Украина

А1он

Оние 300 милијарди долари што Западот ги замрзна на Русија сега стануваат многу важни

А1он

Кличко: Киев цел на повеќечасовен руски воздушен напад

А1он

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Москва: Терористичките групи ширум светот се снабдуваат со западно оружје од Украина