Останува многу малку време за дипломатијата за заживување на преговорите за иранскиот нуклеарен договор од 2015 година, се наведува во соопштението на САД до 35-члениот нуклеарно набљудувачки Одбор на гувернери на ОН, јавија британските медиуми.
„Останува уште малку, но многу малку време за цврстата дипломатија да не стави на колективниот пат кон взаемно враќање на целосна имплементација на JCPOA“, се наведува во изјавата од кварталниот состанок на одборот.
„Доколку овие преговори успеат, таквото враќање ќе биде значајно достигнување на меѓународната дипломатија и ќе означи нова ера во нашиот пристап кон иранската нуклеарна програма“, се додава во соопштението на Одборот на гувернери.
Извор: МИА