Основачот и извршен претседател на Алибаба групацијата, Џек Ма, еден од најбогатите во Кина, в понеделник заминува во пензија. Тој поранешен наставник по англиски јазик има намера повеќе да се посвети на хуманитарни акции и образование, објави Њујорк тајмс.
Ма во изјава за весникот појасни дека ќе остане во УО на Алибаба и ќе продолжи со менторство со управувањето на е-троговијата.
Засега не е јасно дали компанијата ќе именува нов извршен директор.