Ослободени четворицата киднапирани набљудувачи на ОБСЕ во Украина

Од:

Четворицата набљудувачи на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), кои беа киднапирани кон крајот на мај од страна на проруските сепаратисти во Украина, се ослободени, соопшти синоќа Мисијата на ОБСЕ во Киев.

Можеме да потврдиме дека четворицата членови на нашиот тим киднапирани во Луганск се ослободени по 32 дена заложништво, објави Мисијата на ОБСЕ во Украина на својата страница на Фејсбук.

Ослободувањето го потврдија и проуските сепаратисит кои инфомираа дека набљудувачите на ОБСЕ биле пуштени во 21 часот по локално време (20 часот по средноевропско време).

Кон крајот на мај во источна Украина беа киднапирани два четиричлени тима на ОБСЕ. Првиот тим беше киднапиран на 26 мај во реонот на Доњецк, а вториот три дена подоцна во Луганската област.

Тимот киднапиран во Доњецк беше ослободен ноќта меѓу четвртокот и петокот.

Би можело да ве интересира

ОБСЕ/ОДИХР со позитивна оценка за изборниот ден, процедурите за гласање се почитувале во голема мера

Блинкен и Лавров се разминаа во Скопје, САД и Русија спротивставени за иднината на ОБСЕ, за Украина, Балканот

Габриел не сакала да биде на иста маса со Лавров и затоа предвреме заминала од Скопје

Горан Наумовски

Хипи: Луѓето сакаат да бидат на евроатлантската траекторија бидејќи веруваат во слобода и демократија

Заврши Министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје, постигнат консензус за идниот претседавач, но не и за буџетот

Лавров: Србија нема да ја примат во ЕУ додека не го признае Косово

Орце Костов