Оштетена пруга и разнесен товарен воз во рускиот Брјански регион

Од:

Железничката линија на делницата Унеча-Жеча во рускиот Брјански регион е оштетена, но нема повредени, соопштија денес Руски железници, откако украинските власти објавија дека руски товарен воз што се движел кон Крим е разнесен по двата саботажни напади во граничните области кои се случија синоќа и утрово во кои има мртви и ранети.

„Денес во 10.52 часот на делницата Унеча-Жеча во Брјанскиот регион, за време на проверка на инфраструктурата со специјална опрема, железничките работници открија оштетување на пругата. Никој не е повреден. Сообраќајот на приградски и патнички возови на оваа делница не се одвива“, соопштија на Телеграм Московски железници, подружница на Руски железници, пренесува Ројтерс.

Рускиот товарен воз што превезувал гориво бил разнесенво близина на селото Акимивка во областа Мелитопол во Запорожјето во Украина.

„Киев пост“ објави дека ова денес го објавила украинската воена разузнавачка служба (ХУР), додавајќи дека станува збор за област под руска окупација.

Според ХУР, нападнатиот воз бил за воени цели и бил на пат кон Крим, кој Русија го прогласи за своја територија.

„Како резултат на експлозијата на железничката линија, воз со резервоари за гориво и товарни вагони излетал од шините. Клучна логистичка артерија за руските сили во окупираните Запорожје и Крим е прекината“, се вели во соопштението на ХУР.

Руските власти не ја коментирале оваа вест.

Би можело да ве интересира

„Гардијан“: Мирот станува приоритет за Украинците, Зеленски пред сериозни тестови

Марија Захарова: Украинското претседателство долго време е рај за неонацистите

Трамп не му верува на Путин: Украина не ја нападна резиденцијата на Путин

Крвав напад врз Киев: Погодена е болница, има жртви

„Ди Велт“: Зеленски влегува во 2026 без конкретна мировна понуда

Медведчук: Украина под терористичкиот режим на Володимир Зеленски нема право да постои како држава