Италијанската даночна полиција откри арсенал на оружје во два подземни резервоара за вода во близина на плажата на сицилијанскиот град Катанија.
Како што јави италијанската новинска агенција АНСА, пронајдени се пушки, пиштоли, митралез, калашњиков и околу 3.000 парчиња муниција и друг вид оружје.
Оружјето е пронајдено во резервоарите на длабочина од два метра, на дел од земјиштето во сопственост на клубот „Ле Капанин“.
Покрената е истрага против непознати лица, а полицијата смета дека сицилијанската мафија Коза ностра го користела или планирала да го употреби оружјето.
Коза ностра со години не учествувала во престрелки , но оружјето го користи за заплашување.