Ортега: Католичката црква е совршена диктатура и совршена тиранија

Од:

Претседателот на Никарагва, Даниел Ортега ја нарече Католичката црква „совршена диктатура и совршена тиранија“, две недели откако папата Франциско рече дека „има дијалог“ со Манагва.

– Кој ги избира свештениците? Кој ги избира кардиналите? Кој го избира папата? … тоа е совршена диктатура, совршена тиранија!, изјави Ортега во говорот по повод 43-годишнината од формирањето на полициската фондација во Никарагва.

Папата Франциск на 15 септември истакна дека „дијалогот никогаш не смее да заврши“ со Никарагва, каде што растат тензиите меѓу државата и Католичката црква.

Постои дијалог. Разговаравме со Владата. Тоа не значи дека одобруваме сè што прави Владата. Или дека критикуваме сè, посочи папата Франциск.

Никарагва во март го претера амбасадорот на Ватикан. Светата столица во март. Во август свештеникот Роландо Алварез, критичар на режимот, е уапсен и „ставен во домашен притвор“ поради „дестабилизација и провокација“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ЕУ санкциите против Никарагва продолжени за уште една година

Тропската бура „Џулија“ стигна до Никарагва, оштетени стотици куќи

Ана Ололовска

Бајден им забрани на претседателот на Никарагва и неговите министри да влезат во САД

Ана Ололовска

ЕУ го осуди автократскиот режим во Никарагва по претседателските избори

А1он

Ортега обезбеди реизбор за четврти мандат на изборите во Никарагва

Ана Ололовска

Борел: Претседателските избори во Никарагва ќе бидат лажни

А1он