Бајден им забрани на претседателот на Никарагва и неговите министри да влезат во САД

Од:

Американскиот претседател Џо Бајден денеска им забрани на претседателот на Никарагва, Даниел Ортега, неговата сопруга и потпретседател Росарио Муриљо, како и на голем број министри и функционери да влезат во САД, велејќи дека тоа е направено поради нивното нарушување на демократијата.

„Репресијата и злоупотребите на владата на Ортега и оние кои го поддржуваат ги принудуваат САД да дејствуваат“, наведе американскиот претседател во текстот објавен по контроверзните избори во Никарагва на 7 ноември, на кои Даниел Ортега беше реизбран за претседател со четврти мандат.

„Одлучив дека е во интерес на САД да го ограничат и суспендираат влезот во САД за членовите на владата на Никарагва предводена од претседателот Даниел Ортега, вклучително и неговата сопруга и потпретседателот Росарио Муриљо“, и секој кој е вклучен во дејствија кои ги поткопуваат демократските институции на земјата. На долгиот список на луѓе на кои нема да им биде дозволен влез во САД се и пратеници и членови на нивните кабинети, градоначалници и нивни помошници обвинети за кршење на човековите права со казнување на мирни демонстранти, како и голем број високи безбедносни функционери.

Американското Министерство за финансии веќе објави во понеделникот за воведување финансиски санкции за федералното обвинителство на Никарагва и девет високи функционери на земјата како одговор на илузијата за избори организирани од претседателот Ортега и потпретседателот Росарио Муриљо. Воведувањето санкции се закануваше по изборите на 7 ноември, на кои опозицијата не учествуваше, откако беа уапсени главните ривали на претседателот.

Би можело да ве интересира

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Бајден го потпиша законот за воена помош за Украина

Горан Наумовски

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски