ЕУ санкциите против Никарагва продолжени за уште една година

Од:

Земјите членки на ЕУ ги продолжија за уште една година санкциите против Никарагва, до 15 октомври 2023.

Санкциите против оваа земја се воведени за прв пат во 2019 година поради “влошената политичка и социјална состојба“ во Никарагва. Рестриктивните мерки против оваа јужноамериканска држава се состојат од замрзнат имот, и забрана за патување во ЕУ против 21 лице и три ентитети. Исто така им се забранува на сите граѓани и компании во ЕУ да водат бизнис со санкционираните, како и забрана да им ставаат било какви фондови на располагање.

Никарагва неодамна прекина секакви дипломатски односи со Холандија, а амбасадорот на ЕУ во земјата го прогласи за персона нон грата и го протера.

ЕУ денеска ја “повтори својата поддршка за народот на Никарагва„ и за “одбраната на демократијата, владеењето на правото и човековите права“. Унијата смета дека политичката криза во земјата треба да се реши преку “искрен дијалог“ меѓу власта и опозицијата.

-ЕУ останува отворена за дијалог со Никарагва доколку тој дијалог се води со почит, изјавија од Советот на ЕУ.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

САД воведоа санкции за ентитети кои наводно им помагале на Хутите и Хезболах

Москва одговори на американските санкции, „рампа“ за повеќе од 200 Американци

Македонската компанија „Сајтрокс“ под санкции од САД заради шпионскиот софтвер „Предатор“

Катерина Ѓуровски

Волстрит Журнал: Русија однесе победа на пазарот на нафта

Предраг Петровиќ

ЕУ воведе нови санкции за Иран поради поддршката за Русија и Сирија

Гласна музика во поликлиниката во Драчево, се славело пензионирање на колега: Директорот Селими најави санкции

Орце Костов