Орбан со остра критика кон Германија поради бегалската политика

Од:

Премиерот на Унгарија Виктор Орбан остро ја критикуваше Германија поради нејзиниот „груб и агресивен“ тон при комуникацијата во врска со бегалската криза, јави дописникот на МИА од Берлин.

Во интервју за најтиражниот германски весник „Билд“, Орбан изјави дека Унгарија нема никакви долгови кон Германија и нема обврска да ја поддржува во нејзините политики.

Според Орбан, политиката на отворени врати за бегалците промовирана од канцеларката Меркел има алтернатива.

Неговите цврсти позиции против прием на бегалци во неговата земја ги правда со стравот дека бегалците ќе ја промената етничката, културната и верска карта на Европа.

За Орбан договорот со Турција според кој иднината и безбедноста се ставаат во рацете на Анкара е опасен, а планот ЕУ да плати и да ја забрза интеграцијата со цел Турција да ги запре бегалците на пат кон Европа е само илузија.

Во врска со полиитката на Русија во Сирија, Орбан смета дека ЕУ ја критикува Москва, а во исто време нема капаците да се справи сама со конфликтите на Блискиот Исток, ниту да ја спречи бегалската криза.

Унгарија заедно со Полска, Чешка и Словачка се противат на предлозите на ЕУ за дистрибуција на бегалците меѓу земјите членки.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Унгарија повторно ќе ја блокира помошта за Украина

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад