Орбан: САД предводени од Трамп ќе ја напуштат војната во Украина

Од:

Соединетите Американски Држави, кога ќе бидат предводени од Доналд Трамп, ќе го „напуштат“ конфликтот во Украина, а Европа сама не може да го финансира Киев во оваа војна, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан.

„Американците ќе ја напуштат оваа војна, прво нема да го поттикнуваат конфликтот“, изјави Орбан за државното радио пред продолжението на неформалниот самит на лидерите на ЕУ во Будимпешта, пренесува Ројтерс.

Oрбан додаде дека Европа не може сама да ја финансира Украина и покрај тоа што, како што наведе, „некои сè уште сакаат да продолжат да испраќаат огромни суми пари за оваа изгубена војна“.

Орбан додаде дека има и „оние кои молчат“ и дека „се зголемува бројот на оние кои претпазливо велат дека треба да се прилагодат на новонастанатата ситуација“.

Би можело да ве интересира

Бела куќа: Украинците одлучуваат кој ќе управува со Украина

Русија: Треба привремена администрација во Украина под покровителство на ОН, САД или европските земји

Фараж со апел до Трамп: Путин не смее да победи

Орбан: Брисел се подготвува за војнa

Зеленски: Украина е силна земја која навистина сака мир

Зеленски: Руските услови за прекин на огнот во Црното Море се нереални