Орбан: НАТО војници во Унгарија симулираа борби во Украина

Од:

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека Унгарски и американски војници учествувале во заедничка воена вежба, во која е симулирана секојдневна борбена ситуација во Украина.

-Нашите војници симулираа ситуација која секојдневно се случува на украинско-руската граница-рече тој и додаде дека унгарската армија е на почеток на процесот на технолошка модернизација.

Во вежбата која што е одржана во местото Веспрем на околу 110 километри западно од Будимпешта, учествувале околу 350 унгарски и 60 војници од САД, кои користеле боева муниција.

Инаку на вежбата заедно со набљудувачите од неколку членки на НАТО, присуствуваше и заменик командантот задолжен за силите на Алијансата за Европа, генерал Едријен Бредшо.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Шведска вежба технологија за напад со рој дронови

Предраг Петровиќ

Муртезани во Киев потпиша Меморандум за соработка со Украина во процесот на ЕУ интеграција

Романија: Беспилотно летало забележано во Тулчеа, активирана е авијацијата

Кислица: Украина сака мир, но не „по секоја цена“

Русите го нападнаа Киев за време на посетата на Стармер