Кислица: Украина сака мир, но не „по секоја цена“

Од:

Постојаниот претставник на Украина во ОН, Серхиј Кислица денеска изјави дека земјата е посветена на завршување на војната со Русија и воспоставување праведен мир, но дека нема да го прифати концептот „мир по секоја цена“.

„Украина, повеќе од кој било друг, сака мир, но ние нема да прифатиме мир по секоја цена, бидејќи тоа нема да донесе вистински и траен мир“, изјави украински дипломат за време на состанокот на Советот за безбедност на ОН, додавајќи дека таквиот пристап само ќе ја охрабри Русија да продолжи со својата агресија „со кршење на меѓународното право“, а не само во Украина, објави украинската агенција РБЦ.

Кислица потсети дека геополитичките амбиции на Русија се протегаат надвор од границите на Украина.

Би можело да ве интересира

Русија е подготвена за разговори за Украина

Зеленски: Подготвен сум за договор со САД за ретките метали

Нареден е притвор за заменик-градоначалникот на Киев и други градски функционери

„Дејли мејл“ го објави целиот план на Трамп за мир во Украина

Горан Наумовски

САД: Мала е можноста Украина да влезе во НАТО или да добие нуклеарно оружје

Горан Наумовски

Русија спречи напад на Украина во областа Курск