Орбан: Фидес можеби ќе излезе од ЕПП

Од:

Владејачката партија Фидес во Унгарија би можела да излезе од блокот на десниот центар на Европска Унија откако прими мешани сигнали за намерите на Европска народна партија (ЕПП) по суспензијата на Фидес од групата, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан.

– Членството ни е суспендирано. Чекаме ЕПП да ги разбистри своите погледи и планови и тогаш ќе одлучиме, истакна Орбан.

ЕПП во март го суспендира членството на Фидес поради загриженоста од популистичката антиимигрантска кампања на Орбан и ерозијата на владеење на правото, слободата на медиумите и малцинските права.

Фидес не беше поканета и на дводневниот состанок на ЕП неделава во Хрватска.

– Прашање е дали (новиот претседател на ЕПП), може да го запре свртувањето во лево. Ако може, имаме заедничка иднина. Ако не, мораме да изградиме уште една политичка заедница, истакна Орбан.

ЕПП најави дека ќе испрати група во Унгарија која ќе ги истражи условите и ќе одлучи дали ќе го задржи Фидес во своите редови, додека новиот претседател на ЕПП, Доналд Туск очекува таквиот процес да биде завршен до крајот на јануари.

Би можело да ве интересира

Орбан: Во Унгарија има повеќе работа отколку квалификувана работна сила

Унгарија повторно ќе ја блокира помошта за Украина

Орбан: Барателите на азил во ЕУ да останат надвор додека не се донесе одлука

Орбан доби неочекуван сојузник, заедно се спротивставија на клучниот пакт на ЕУ

Илјадници луѓе протестираа во Будимпешта поради снимката од поткупот на соработникот на Орбан

(ВИДЕО) Страотна несреќа на рели во Унгарија: Најмалку четворица мртви

Катерина Ѓуровски