Орбан: Европа мора да оди во Москва за безбедносен договор со Русија

Од:

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека лидерите на Европската Унија треба да одат во Москва за да постигнат договор со Русија за безбедносни прашања, нагласувајќи дека соработката во оваа област не треба да се одвива преку САД, туку директно со Кремљ.

„Мораме да одиме во Москва и да склучиме безбедносен договор меѓу Европската Унија и Русија. Не само за Украина, туку и за целокупната безбедност на Европа“, рече Орбан.

Орбан нагласи дека таков договор би предвидувал Украина да не стане членка ниту на НАТО ниту на Европската Унија. Како компромисно решение, тој предложи можност за склучување договор за стратешка соработка меѓу Киев и Брисел.

Унгарскиот премиер потсети дека веќе предупредил за слабостите на самата Унија, наведувајќи дека сегашниот седумгодишен буџет, кој истекува во 2035 година, ќе биде „последен за Европската Унија“.

Во последните месеци, Орбан постојано изразуваше ставови што се спротивставуваат на официјалните политики на Брисел, залагајќи се за крај на конфронтацијата со Москва и нагласувајќи ја потребата од постигнување компромис со цел да се зачува безбедноста на континентот.

Би можело да ве интересира

Цензура или демократија: Хаос и критики во Франција поради интервју со Сергеј Лавров

Орбан: Неправедно е Унгарците да ги трпат последиците од војната во Украина

ЕУ ја обвини Русија дека му помага на Иран во нападите врз САД

Маслеников: Европската Унија продолжува да го саботира мировниот процес во Украина

Горан Наумовски

Филипо: Милијарди евра доделени на Украина се користат за финансирање на тероризам

Дмитриев: Киев сфати дека ќе добие гаранции од САД по повлекувањето на Украина од Донбас