Орбан: Брисел се подготвува за војнa

Од:

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека Брисел се подготвува за војна, иако, како што наведе, во моментов нема закана од војна.

– Нема закана од војна, Унгарија нема да војува со никого. Остануваме на страната на мирот и ако Европа започне војна, ние сигурно нема да влеземе во неа, рече Орбан на прес-конференција, пренесе МТИ.

Орбан рече дека во моментов не се чини дека Европа е под непосредна закана од војна и дека е многу малку веројатно дека „некој би нападнал членка на НАТО“.

Според Орбан, оние кои се подготвуваат за војна обично го прават тоа за да иницираат „некој чин на војна“, додавајќи дека во моментов се водат политички подготовки за подлабоко вклучување во конфликтот.

Унгарските семејства, рече Орбан, не треба да преземаат посебни мерки.

Би можело да ве интересира

Унгарците насилно го инјектирале Украинецот кој транспортираше десетици милиони евра и злато

Русите го фалат Орбан – ЕУ подготвува „Шарена револуција“, сакаат да го соборат

Орбан: Отворете ја „Дружба“ или Украина ќе остане без кредит

Европа му испрати јасна порака на Трамп: Ова не е наша војна

Орбан: Украинците се способни да го оштетат сопствениот нафтовод

Унгарија ги блокира санкциите кон Русија