Оптимизам во македонската репрезентација пред настапот на ЕП во карате за кадети и јуниори

Од:

Пред настапот на претстојното Европското првенство во карате за кадети, јуниори и за јуниори до 21 година, македонската репрезентација денеска беше на прием во Агенцијата за млади и спорт (АМС). Директорот Марјан Спасески на нашите каратисти им посака успех и што повеќе освоени медали.

– Карате спортот дефинитивно е меѓу најуспешните и најтрофејните спортови во земјава, а за тоа говорат и резултатите. Тоа е последица на добро организирана федерација, функционални клубови кои регрутираат млади и талентирани спортисти, одлични тренери и селектори, а верувам дека дополнителен фактор за квалитет е и самиот факт што каратето беше прогласено за Олимписки спорт и ќе се најде на програмата за ЛОИ во Токио 2020 година. Тоа подразбира дека конкуренцијата во иднина ќе биде се посилна, а најголемиот тест за нашите репрезентативци ќе бидат овие големи натпреварувања. Јас сум оптимист и поведувајќи се од искуството дека нашите каратисти во последните неколку години редовно се враќаат со трофеи од големите натпреварувања, верувам и сега ќе го покажат својот квалитет и ќе го продолжат трендот на успеси на големите турнири, рече Спасески.

Агенцијата за млади и спорт да дава континуирана поддршка на Македонската карате федерација. Имено, за овој настап на ЕП во Софија од страна на АМС се издвоени 300.000 денари, а за меѓународната програма и за стручната работа на Карате федерацијата, АМС досега само по првиот оглас од средствата од Игрите на среќа и редовните буџетски средства има издвоено вкупно 2.3 милиони денари, додаде првиот човек на АМС.

Евро-шампионатот во бугарската престолнина ќе се одржи од од петок до недела. Боите на Македонија ќе ги бранат 35 натпреварувачи, од кои 25 каратисти во борби и 10 во кати.

Селекторот Александар Кузмановски верува во квалитетите на неговите избраници и очекува дека со поддршката која ја каратистите ја добиваат од федерацијата и од АМС може да се стигне до највисокото место на победничкиот подиум.

– Со поддршката што ја добиваме од Агенцијата за млади и спорт, од федерацијата и од Олимпискиот комитет секогаш се враќаме со медали од големите натпреварување. Верувам дека така ќе биде и овој пат. Имам адути и не би не изненадило доколку освоиме три медали како на минатиот шампионат, но секогаш сме оптимисти и очекуваме и многу повеќе. Овие репрезентативци се темелот и иднината на македонското карате, изјави Кузмановски.

Би можело да ве интересира

Недеви на карате семинар во Глазгов, Шкотска

Пет медали за Македонија на Балканското карате првенство – златен за Марко Џорлев

ВМРО-ДПМНЕ: Милионерот Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на АМС

А1он

За злоупотреби на ваучерите поднесено обвинение против дванаесетмина

Дебарската каратистка Сара Дука освои бронза на Балканскиот шампионат во Словенија

„Макпетрол“ освои 11 медали на државниот плејоф карате-турнир за сениори

Ана Ололовска