Општи избори во Бразил

Од:

Во Бразил денеска се одржуваат општи избори – претседателски, парламентарни и избори за гувернери. Право на глас на изборите на најголемата јужноамериканска економија имаат 147 милиони избирачи.

Бразилците ќе бираат претседател и потпретседател на државата, гувернери на сите 26 сојузни држави и федерални окрузи, пратеници во регионалните парламенти, две третини од Националниот конгрес и пратеници во Долниот дом на Парламентот.

Право на глас во државата со 210 милиони жители имаат сите над 16-годишна возраст. Гласањето е обврзно за сите од 18-69 години. Инаугурацијата на новиот претседател ќе биде на 1 јануари 2019 година. За таа функција има 13 кандидати, и според анкети ниту еден нема да освои доволен број гласови за победа во првиот круг.

Аналитичари оценуваат дека тоа се најнеизвесни избори во историјата на Бразил.

Пред почетокот на изборите актуелниот претседател Лула да Силва се најде во затвор поради корупциски скандал и поради тоа не може да се кандидира додека сегашнито фаворит Жаир Болсонару беше тешко ранет во обид за атенетат. Тој брзо се опорави, но не е во состојба лично да учествува во предизборните собири и ТВ дебати.

Болсонару е кандидат на Социјал-либералната партија и во локалниот печат често го нарекуваат „бразилски Трамп“. Се залага за слободна продажба и носење оружје, зашптита на националната економија и ограничување на влијанието на Кина.

Изборите се одржуваат во атмосфера во која според Галуп анкета, само 17 отсто граѓани поради бројни афери имаат доверба во Владата. Насилството е во пораст, лани беа извршени рекордни 63.880 убиства, 2,6 отсто повеќе октолку во 2016 година.

Во периодот 2002-2012 година Бразил беше најбрзо растечка економија во светот, но рецесијата ја погоди државата во 2014 година и оттогаш економскиот раст стагнира.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Не сум сигурен дека цела опозиција сака предвремени парламентарни избори

Бразилски пејач се удави додека снимаше спот

Централната изборна канцеларија на Романија потврди 12 кандидати за претседателските избори

Опозицијата победи на изборите во Гренланд, фијаско на владејачката партија

Георгеску доби забрана да се кандидира на вториот круг од претседателските избори во Романија

Горан Наумовски

Олаф Шолц го призна поразот: Горчлив резултат за социјалдемократите

А1он