Опозицијата во Египет повторно повикува на протести

Од:

Египетската опозиција повторно повика на протести против претседателот Мохамед Морси откако тој го отфрли нивниот предлог за уставен референдум во оваа недела за спорниот нацрт на уставот.

– Националниот фронт на спас најави дека во целост ќе го отфрли референдумот и нема да го озакони бидејќи може да предизвика нови судири, изјави Самех Ашур, кој зборуваше во име на коалицијата опозициски партии, јави Ал Џазира.

– Фронтот повикува египетскиот народ мирно да протестира на неколку плоштади во каиро во вторник за да се покаже незадоволство од претседателското  занемарување на барањата на народот и да го отфрлат уставот кој ги загрозува правата и слободите, додаде тој.

Одлуката на Морси да го повлече декретот со кој си даде пошироки овластувања не ги задоволи неговите противници кои го обвинуваат дека ја влошува постоечката криза во Египет.

Би можело да ве интересира

Египет бара формирање независна држава Палестина

Ирак испраќа танкер со гориво во Египет за да и помогне на Газа

Горан Наумовски

Предвреме родените бебиња од Газа стигнаа во Египет

Египет: Го одржуваме граничниот премин Рафах отворен, Израел ја блокира помошта

Катерина Ѓуровски

Египет и Јордан бараат итен прекин на огнот, за САД тоа само ќе го остави Хамас на власт

(ВИДЕО) Египет ја крена рампата: од Газа излегуваат странски државјани и тешко повредени

Катерина Ѓуровски