Операција на ЕУ против шверцерите на мигранти

Од:

ЕУ ја започна операција за откривање на бродови во јужниот Медитеран, што се користат за шверцување мигранти.

Во оваа операција, наречена „Софија“, учествуваат воени бродови од неколку земји- членки на ЕУ, кои имаа задача да ги откријат и запленат бродовите за кои постои сомнеж дека се користат за илегално префрлње мигранти од брегот на Северна Африка, најчесто од Либија, кон европското копно.

Ова е првпат воена флота на земјите од ЕУ да се вклучи во една ваква поморска операција. ЕУ досега учествуваше само во операции на надгледување и „шпионирање“ на шверцерските бродови и чамци, како и во спасувањето на мигрантите.

Повеќе од 130 илјади луѓе, главно мигранти од африканските земји, се префрлија на овој начин до брегот на Европа, а околу 2.700 се удавија во текот на опасното патување по Медитеранот.

Многу повеќе бегалци и мигранти, од земјите на Блискиот Исток, а најмногу од Сирија, сега користат друга траса за префрлање до ЕУ, прво движејќи се низ Турција до нејзиниот западен брег, а од таму со шверцерски бродови до грчките острови.

Преку Грција која е членка на ЕУ, мигрантите и бегалците се префрлаат до Средна Европа, настојувајќи да дојдат до запданоевропските земји, пред се во Германија.

Мигрантската криза која ја потресува ЕУ е главна тема на денешното заедничко обраќање на францускиот претседател Франсоа Оланд и на германскиот канцелар Ангела Меркел во Европскиот Парламент.

Би можело да ве интересира

30.000 деца-мигранти годинава се обиделе да го преминат смртоносниот Панамски теснец

11 лица од Непал сакале илегално да влезат од Македонија во Грција – депортирани се

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина