ОН: За три месеци во Иран извршени над 100 смртни казни

Од:

Повеќе од 100 луѓе беа егзекутирани во Иран во првите три месеци од годината, се наведува во извештај на генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш.

Во документот се вели дека во земјата од 1 јануари до 20 март биле извршени најмалку 105 смртни казни. Извештајот го потврдува загрижувачкиот тренд на зголемување на егзекуциите во Иран.

– Смртната казна продолжува да се изрекува (во Иран) за дејствија кои не се меѓу најтешките злосторства – нешто што ги прекршува меѓународните норми за правично судење, рече заменичката на високиот комесар на ОН за човекови права Нада Ал Нашиф. Вчера, презентирајќи го извештајот пред Советот за човекови права на ОН, таа истакна дека многу од погубените се од етничките малцинства.

Во март, 52 лица беа префрлени во затворот Шираз за да се соочат со смртна казна поради обвинение за дрога, рече Нашиф.

Иран го отфрли извештајот како пристрасен.

– Претворањето на основните принципи за човекови права во ситни политички инструменти е страшно и срамно, рече Мехди Али Абиди, заменик постојан претставник на Иран во европското седиште на ОН во Женева, на состанокот на Советот за човекови права на ОН.

Заедно со Саудиска Арабија и Кина, Иран е една од земјите каде што се егзекутираат најмногу луѓе. Смртните казни во земјава се извршуваат со бесење.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Ајатолахот Али Хамнеи е во кома и неговата здравствена состојба е исклучително сериозна

Аракчи најави можност за почеток на преговори меѓу Иран и Европа

Во Иран се планираат клиники за убедување на жените кои одбиваат да носат хиџаб

А1он

Претставник на американската влада обвинет за објавување информации за планот на Израел за напад на Иран

Неизвесна судбината на иранската студентка

А1он

Заканувачки говор на Хамнеи: Израел и САД можат да очекуваат разорен одговор

А1он