Обединетите нации денеска упатија апел за донирање на 5,2 милијарди долари за финансирање на нивната мисија во Сирија и соседните земји, предупредувајќи дека бројот на луѓето кои се жртви на бруталните сириски судири драстично се зголемува.
Оваа сума е значително поголема од 2,2 милијарди долари, колку што ОН во 2003 година побараа за решавање на последиците од кризата предизвикани со војната во Ирак.
ОН соопштија дека се потребни вкупно 3,8 милијарди долари за помош на сириските бегалци кои заминале во соседните земји.
Сумата потребна за операциите во Сирија изнесува 1,4 милијарди долари.
Повеќе од 94.000 луѓе загинаа, а околу 1,6 милиони Сиријци ја напуштиле земјата од почетокот на граѓанската војна во март 2011 година.
Според очекувањата на ОН, се очекува бројот на бегалците до крајот на годинава да достигне најмалку 3,45 милиони. Во Сирија пред војната живееле 20,8 милиони лица.