ОН со амбициозен план за сузбивање на екстремната сиромаштија до 2030

Од:

Работната група на Обединетите нации препорачува амбициозен план за справување со најголемите предизвици во светот – од климатските промени до рамноправноста на жените и доброто управување, а клучна цел е сузбивање на екстремната  сиромаштија во светот до 2030 година.

Дваесет и седум члената работна група, со која претседаваат лидерите на Индонезија, Либерија и Велика Британија, Суслио Бамбанг Јодхојоно, Елон Џонсон Салриф и Дејвид Камерон, вчера му достави извештај на генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, кој го означи како храбар и практичен предлог со 12 цели.

Бан ја назначи работната група за да предложи нов дневен ред за развој по 2015 година, кога истекува рокот на Милениумските цели за разој на ОН за борба против сиромаштијата.

Групата препорачува да се поттикне економскиот развој, да се работи на органичување на климатските промени и да се преземат интензивни мерки за борба против сиромаштијата преку промена на моделите за побарувачката и производството во светски рамки.

Во извештајот се препорачува и зајакнување на демократските  институции во земјите и интензивирање на глобалното партнерство.

Би можело да ве интересира

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата

ОН: Израелската опсада на Газа и наредбата за евакуација може да претставуваат меѓународно злосторство

Отец Оливер Петровски: Околу 700 000 луѓе имаат само еден оброк во текот на денот, половина се деца

А1он