Работната група на Обединетите нации препорачува амбициозен план за справување со најголемите предизвици во светот – од климатските промени до рамноправноста на жените и доброто управување, а клучна цел е сузбивање на екстремната сиромаштија во светот до 2030 година.
Дваесет и седум члената работна група, со која претседаваат лидерите на Индонезија, Либерија и Велика Британија, Суслио Бамбанг Јодхојоно, Елон Џонсон Салриф и Дејвид Камерон, вчера му достави извештај на генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, кој го означи како храбар и практичен предлог со 12 цели.
Бан ја назначи работната група за да предложи нов дневен ред за развој по 2015 година, кога истекува рокот на Милениумските цели за разој на ОН за борба против сиромаштијата.
Групата препорачува да се поттикне економскиот развој, да се работи на органичување на климатските промени и да се преземат интензивни мерки за борба против сиромаштијата преку промена на моделите за побарувачката и производството во светски рамки.
Во извештајот се препорачува и зајакнување на демократските институции во земјите и интензивирање на глобалното партнерство.