Советот за безбедност на ОН ги повика завојуваните политички лидери во Јужен Судан да најдат решение за кризата во земјата и се закани со санкции за лица, кои пречат за постигнување на мир.
Во соопштение кон претседателот Салва Киир и поранешниот претседател и лидер на бунтовниците Риек Мачар, Советот за безбеднот бара прекинување на огнот и формирање преодна влада во период од една недела.
Кризата во Јужен Судан изби откако во декември Киир го обвини Мчара за обид за државен преврат, а Мачар почна бунт против претседателот. Како резултат на тоа земјата се најде во неколкумесечни судири и етничко насилство. Обидите за преговори меѓу двајцата ривали досега завршија без успех.