ОН: Се повеќе се потврдува дека борбата против дрогата е неуспешна

Од:

Се повеќе се потврдува фактот дека борбата против дрогата не успеа, покрај криминализацијата што често пати создава повеќе проблеми, отколку што ги решава, изјави Хелен Кларк, раковидител на Развојната програма на Обединетите нации (УНДП).

Говорејќи на презентацијата на извештајот на УНДП за хуман развој за 2013 година, Кларк, поранешната премиерка на Нов Зеланд, изјави дека латиноамериканските лидери треба да бидат поттикнувани да развиваат различни политики за да и се спротивстават на порокот наречен дрога, пренесоа денеска британските медиуми.

-Во минатото бев министерка за здравство и нема сомнение дека третирањето на дрогата треба да биде здравствена позиција, пред се, како здравствен и општествен проблем, и повеќе отколку како криминално дело, рече Кларк во интервју за Ројтерс.

-Штом работата се криминализира, се става голем влог, секако нашиот свет продолжи врз основите дека криминализацијата е пристап, додаде таа.

Кларк на латиноамериканските влади не им препиша никакви „лекови“, но кажа дека треба да делуваат врз основа на докази.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата

ОН: Израелската опсада на Газа и наредбата за евакуација може да претставуваат меѓународно злосторство