ОН: Прв меѓународен договор за трговија со оружје

Од:

Денес во седиштето на Обединетите нации во Њујорк ќе биде потпишан првиот меѓународен договор со кој ќе се регулира глобалната трговија со оружје. Генералното собрание на ОН со мнозинство на 2-ри април го одобри овој договор за контрола на трговијата, со конвенционалното оружје.

Првиот меѓународен договор со кој ќе се регулира глобалниот пазар за оружје чија што вредност надминува милијарди долари, од денес е отворен за ратификација со очекувања дека меѓу државите потписнички ќе се најде и некој од клучните купувачи и продавачи.

Генералното собрание на ОН од државите кои ќе го ратификуваат договорот ќе бара да се утврдат националните прописи за контрола на трансферот на конвенционалното оружје, но не и за неговата внатрешна употреба.

Договорот ќе стапи на сила откако ќе биде ратификуван во најмалку 50 држави, а меѓу првите потписнички се очекува да бидат Велика Британија, Германија, Франција, Бразил и Мексико, додека според неофицијални најави САД, договорот ќе го потпише кон крајот на годината.

Од Националниот совет за безбедност на Белата куќа наведуваат дека внимателно го анализираат текстот од договорот и дека дополнително ќе одлучат дали ќе го потпишат, додека американските воени аналитичари предвидуваат дека на Вашингтон ќе му бидат потребни 10 до 15 години за да го ратификува документот.

Договорот опфаќа трговија на тенкови, оклопни борбени возила, артилериски систем од голем калибар, авиони, хеликоптери, бродови, ракети, ракетни фрлачи, малокалибарско оружје и слично.

Меѓу другото договорот им налага на државите потписнички да преземат мерки за спречување на илегалната трговија со оружје, а неговиот успех најмногу ќе зависи од тоа кои држави ќе бидат обврзани со него.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата

ОН: Израелската опсада на Газа и наредбата за евакуација може да претставуваат меѓународно злосторство